Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ова се санкциите што ЕУ и ги воведе на Русија: „Тие се најостри во историјата“

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Лидерите на ЕУ се договорија за санкции против Москва насочени кон 70 отсто од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа вели дека ова се историски санкции.

„Прво, овој пакет вклучува финансиски санкции насочени кон 70% од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании.

Второ, ние го таргетираме енергетскиот сектор, клучна економска област која особено и користи на руската држава. Нашата забрана за извоз ќе го погоди нафтениот сектор со тоа што ќе ја спречи Русија да ги надградува своите рафинерии.

Трето: забрануваме продажба на авиони и опрема на руски авиокомпании.

Четврто, го ограничуваме пристапот на Русија до клучните технологии, како што се полупроводниците. И конечно – визи. Дипломатите и деловните луѓе повеќе нема да имаат привилегиран пристап до Европската унија. Ние, исто така, ги таргетираме руските елити со ограничување на нивните депозити за да не можат повеќе да ги кријат своите пари во Европа “, рече таа.

 

 

САД воведоа санкции

За потсетување, американската влада нешто порано воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, соопшти американското Министерство за финансии. Американските институции мора да ги затворат своите сметки во Сбербанк во рок од 30 дена.

Сбербанк, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот доверител на руската економија и банката со најмногу штедни влогови. Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки против втората по големина руска банка ВТБ. САД воведоа санкции и за Белорусија, која е вклучена во инвазијата на Украина.