Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинеската амбасада организира чартер летови за кинеските бегалци од Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Кинеската амбасада во Украина ги повика кинеските граѓани да се пријават за чартер летови за да ја напуштат земјата.

 

Повикот дојде по рускиот напад врз Украина, најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на амбасадата „WeChat“ се наведува дека пријавувањата ќе бидат отворени до 27 февруари.

Околу 6.000 Кинези живеат во Украина, изјави портпаролот на амбасадата.

На почетокот на неделава кинеската амбасада им порача на своите граѓани да не одат во нестабилни области, но не спомна напуштање на земјата.