Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна вонредниот лидерски состанок на НАТО

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Лидерите на земјите членки на НАТО заедно со партнерите од Шведска, Финска и ЕУ го почнаа вонредниот состанок посветен на Украина.

Некои од лидерите се присутни физички бидејќи до доцна ноќва учествуваа на ЕУ самитот во Брисел, останатите се поврзуваат преку безбедна видео врска.

Триесетте лидери на НАТО земјите, како и на Шведска и Финска, и претставниците на ЕУ ќе разговараат за состојбата и подготвеноста на НАТО во источниот дел близу Украина.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја отвори седницата порачувајќи дека војната во Украина е целосна одговорност на Русија и дека и покрај обидите на НАТО да се дојде до дипломатско решение, мирот во Европа е скршен.

Столтенберг ја повика Москва да стави крај на воените дејствија и изрази целосна солидарност со Украина и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.