Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полјаците не сакаат да играат против Русија

/

пред 1681 дена

Сподели преку :

Полската фудбалска федерација објави дека нема да го игра бараж дуелот за пласман на Светското првенство против Русија иако УЕФА вчера најави дека поради агресијата во Украина, Русите ќе бидат домаќини на неутрален терен.

Цезар Кулеша, првиот човек на полскиот фудбал изјави дека националниот тим нема да се соочи со Русија во Мундијалскиот бараж кој е на програмата во март.

Кулеша истакна дека ова е единствената одлука во овој момент и дека тој во следниве денови ќе разговара со колегите од Шведска и Чешка околу заедничките планови кои подоцна ќе ги презентираат во ФИФА и УЕФА.

Швеѓаните најавија дека ќе го играат првиот дуел со Чешка, а доколку победат јасно порачаа дека нема да патуваат во Москва доколку селекцијата на Русија во првиот дуел успее да ја елиминира Полска.

Првите бараж натпревари ќе се играат на 24 март, а реваншите се пет дена подоцна.

ФОТО: Игор Паневски