Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина отфрла мировните преговори да се водат во Минск

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, Зеленски, додавајќи дека во предвид доаѓаат сите земји од каде не се врши гранатирање врз украинска територија.

Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

На Зеленски му беше понудено да биде евакуиран во Америка, но тој одби велејќи дека му треба воена помош, а не бегство. Рече дека Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, кои би се бореле заедно со Украинските војници.

„Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, нагласи Зеленски.