Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИОК побара суспензија на сите руски и белоруски спортисти од меѓународните натпревари

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) побара од сите спортски федерации и организатори на спортски манифестации и натпреварувања да не им дозволат учество на спортисти и официјални лица од Русија и Белорусија на меѓународната сцена.

Доколку оваа санкција не може да се спроведе поради правни причини, тогаш руските и белоруските спортисти можат да учествуваат, но како неутрални натпреварувачи.

Оваа одлука на ИОК доаѓа поради воената инвазија на Русија кон Украина и се однесува на индивидуалните спортисти и колективите како клубови и репрезентации.