Регулаторната комисија за енергетика почна со анализи за воведување на блок-тарифи кај домаќинствата.
Ова значи дека евтината тарифа навечер и во недела останува, а блок-тарифи би се вовеле во периоди кога важи скапата струја.
Оваа мерка би ги опфатила граѓаните коишто трошат енормни количества струја, а од РКЕ се надеваат дека на тој начин би се мотивирале потрошувачите да се насочат кон енергетски ефикасни решенија.











