Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Свитолина по победата над руската ривалка: Сите пари ќе ги донирам за украинската војска

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Елина Свитолина во првото коло на тенискиот турнир во Монтереј, Мексико, славеше против Русинката Анастасија Потапова со убедливи 6-2 и 6-1.

Украинката по мечот најави дека сите пари кои ќе ги освои на турнирот во Монтереј ќе ги донира за украинската војска.

„Ова беше многу важен меч за мене, од самиот старт морав да бидам подготвена за се што може да се случи. Сите пари кои ќе ги заработам на овој турнир ќе ги донирам за украинската војска. За ништо не ги обвинувам руските спортисти, тие немаат никаква вина за ова што се случува“, рече Свитолина.

Во второто коло украинската тенисерка ќе игра против Викторија Томова од Бугарија.