Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките пропуштија шанса за првиот бод во ЕХФ Купот

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација во третиот натпревар од ЕХФ Купот на гостувањето против Словенија е поразена со 29:28, но составот предводен од селекторот Љубомир Савевски имаше можност да го освои првиот бод, но во последните моменти од натпреварот Леонида Гичевска не успеа да реализира удар од седум метри.

Нашите ракометарки пружија силен отпор на репрезентација која е редовен учесник на големите натпреварувања.

Почетната фаза им припадна на домаќинките кои поведоа со 5:1, но македонските репрезентативки полека, но сигурно ја намалуваа предноста на противникот и на одмор заминаа со негатива од еден гол и водство на Словенија од 15:14.

На почетокот од второто полувреме стигнавме и првото водство од 19:18, а потоа поведовме и со 23:22. Потоа следуваше серија на Словенкте од 3:0 која на крајот беше решавачка за победа.

Најефикасна во нашиот тим со осум гола беше Симона Стојковска, Гичевска беше стрелец на седум подогоци, а шест пати прецизна беше Сара Ристовска.