Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холандскиот „ Ермитаж“ ги прекина врските со матичниот руски „ Ермитаж“

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Уметничкиот музеј „Ермитаж Амстердам“, кој се наоѓа во Холандија, ги прекина врските со својот матичен музеј- прочуениот руски „Ермитаж“, со седиште во Санкт Петербург. Причина е руската инвазија врз Украина. Во соопштението од музејот се вели дека повеќе не е возможно да се држи дистанца од политиката на Русија и рускиот претседател Владимир Путин.

  • Врската повеќе не е одржлива. Со инвазијата на Украина од страна на руската армија, линијата е премината“, објавија од музејот .

„ Ермитаж Амстердам“ во галериските простори вообичаено ги изложува вредните уметнички дела  од рускиот „Ермитаж“. Неодамна тука беше отворена нова изложба со дела од Русија. Таа сега ќе биде затворена на неодредено време.