Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар од четвртото коло во ЕХФ Купот, а противник ни е селекцијата на Словенија. По одличниот настап во првиот меч и пропуштената шанса да се освои барем бод, избраничките на селекторот Љубомир Савевски утре од 18 часот во А1 арената Борис Трајковски ќе се обидат да стигнат до првата победа во ова натпреварување.
ФОТО: Игор Паневски


























