Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе ја покрие разликата во цената на парното

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Владата донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена, како што информираат од владината Прес-служба,  се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

-Согласно оваа мерка, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата, потенцираат од Владата.