Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите европски амбасадори во Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на жената

/

пред 1676 дена

Сподели преку :

Мрежата на млади европски амбасадори WeBalkans, поддржана од Инфо канцелариите и куќите на ЕУ во Западен Балкан, се приклучи на иницијативата на глобалното движење за Меѓународниот ден на жената 2022 година.

Со уникатна креативна улична акција, која ги собра девојките и жените од главниот град, на плоштадот Македонија организираа активности посветени на прославата на жената и нивниот идентитет.

„Замислете свет родова еднаков. Свет без пристрасност, стереотипи и дискриминација. Свет кој е разновиден, правичен и инклузивен. Поединечно, сите ние сме одговорни за нашите сопствени мисли и постапки – цел ден, секој ден“, порачаа младите европски амбасадори.

Инаку, освен во Скопје, вакви идентични активности беа организирани во Куманово, Бања Лука, Сараево, Тирана, Подгорица, Нови Сад, Ниш, Белград и Приштина.

Мартин Николовски