Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чептегеи го собори рекордот на Бекеле

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Џошуа Чептегеи од Уганда на митингот од Дијамантската лига триумфираше во трката на 5000 метри и го собори 16 години стариот светски рекорд на Кенениса Бекеле од Етиопија.

Дваесет и три годишниот атлетичар од Уганда на целта пристигна со време од 12 минути 35 секунди и 36 стотинки и за секунда и 99 стоти дела го подобри досегашното постигнување на Бекеле забележано на митингот во Хенгело во 2004 година.

Чептегеи е актуелен светски првак на двојно подолгата делница, а добрата форма успеа да ја одржи во текот на паузата бидејќи пред прекинувањето на сите активности постигнуваше извонредни резултати.