Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клоп најдобар тренер во Премиер лигата

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за оваа сезона.

Педесет и три годишниот Клоп е првиот Германец кој успеал да се закити со титула во Англија, а како менаџер на Ливерпул успеа да го донесе трофејот на Енфилд по пауза од три децении.

Ливерпул со Клоп на чело на екипата во 38 натпревари забележа 32 победи, а екипата освои вкупно 99 бода.

Клоп до престижното признание успеа да стигне во конкуренција со Френк Лампард од Челзи, менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс и шефот на стучниот штаб во Шефилд Јунајтед, Крис Вилдер.