Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здрава котлина: Нема мир без чиста животна средина

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Нема мир без чиста животна средина. Ова е ставот на активистите од здружението Здрава котлина, кои изминатите три години се борат против отворање на рудникот кај селата Иловица и Штука. За нив рудникот е затворено прашање, бидејќи не размислуваат за друга можност за овој регион. Но, сметаат дека има уште многу отворени еколошки жешки точки на кои мора да се работи и да се лобира за нивно решавање.

Танушев вели дека проблемите со животната средина не се едноставни и лесни, но мора да се мрдне од место и да се работи на санирање на штетите, како и усвојување добри еколошки практики.

За судбината на рудникот кај Иловица и Штука ќе одлучува Вишиот управен суд, откако претходно Управниот суд ја поништи одлуката на Второстепената комисија со која се раскина договорот за концесија со компанијата Еуромакс Рисорсис.

Сузана Мицева