Најголемата бегалска криза на овој век продолжува.
Досега речиси 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Украина.
Само во последните 24 часа си заминале 100.000, проценуваат ОН.
Повеќето избегаа во Полска. Краков, вториот по големина град во Полска, сега се бори со проблемот на новодојдените, бидејќи привременото сместување и засолништата се полни.











