Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија најави ново гранатирање: „Тоа е одмазда за нападот на Доњецк“

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ги нападне украинските компании за оружје како одговор на нападот со балистички проектили врз упориштето на сепаратистите во Доњецк.

„Како одговор на гранатирањето на Доњецк, руските вооружени сили ќе преземат оперативни мерки за исфрлање од употреба компаниите од украинската одбранбена индустрија кои произведуваат оружје што го користат националистите. Ги повикуваме украинските граѓани кои работат во овие компании, како и жителите на околните куќи , да се напуштат потенцијално опасните подрачја“, се вели во соопштението.

Москва претходно соопшти дека во украинскиот воздушен напад загинале 20 цивили. Украина негираше дека го извршила нападот и тврди дека проектилот бил истрелан од Русите како изговор за одмазда.