Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Прозападните Руси се национални предавници

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Во вчерашното телевизиско обраќање, Владимир Путин ги нарече прозападните Руси национални предавници.

„Западот ќе се обиде да се потпре на таканаречената петта колона, на националните предавници, на оние што заработуваат овде, а живеат таму. Не мислам само на „живеење таму“ во географска смисла на зборот, туку според нивните размислувања, нивната ропска свест“, рече Путин.

Терминот „петоколонаши“ се користи уште од времето на Шпанската граѓанска војна и често се користи во комунистичките и социјалистичките земји. Накратко, петколонашите се симпатизери на непријателот, оние кои одвнатре го уништуваат поредокот и системот на една држава во корист на надворешните непријатели.