Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КАМ Маркет: Дезинформација е дека во нашите маркети нема масло за јадење

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Акцијата „За секоја сметка над 800 денари гратис масло за јадење“, беше причина за голем број реакции кај граѓаните, дека не можат да купат масло за јадење. По ваквите реакции екипите на ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ излегоа на терен да утврдат дали е прекршен законот и што ќе преземат. Станува збор за дезинформација  дека нема масло за јадење во Кам маркетите, велат од оваа компанија. Производот е внимателно избран и станува збор за вообичаена промотивна кампања на сите трговски ланци, велат од оваа компанија.

Сакам да напоменам дека ние постопјано во нашиот асортиман го имаме наведениот артикл и дека се работи за редовна промотицвна акција која што КАМ внимателно како компанија одговорна на пазарот одлучи во оваа тешка ситуација во која се наоѓа државата и граѓаните да излезе со промотивна кампања која ќе биде насочена кон подобрување не само за стандардот туку за целото население, за лојалните купувачи. Ќе биде подарено масло за јадење во вредност од околу 60 илјади евра, ИЗЈАВИ Трајче Цветановски, директор на набавка во КАМ МАРКЕТИ