Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска ја надгледува границата со Белорусија

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Полска, како и други земји-членки на НАТО, ја следи состојбата на границата со Белорусија, нагласи заменик министерот за одбрана на земјата.

Заменик-министерот за одбрана Војчех Скуркиевич изјави дека Полска, како и другите земји на НАТО, ги следи настаните во Белорусија, како и ситуацијата на границата меѓу двете земји.

Нема да бидеме пасивни, рече Скуркиевич.

НАТО вчера ги отфрли обвинувањата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Северноатлантската алијанса ги групира своите сили по западната граница на Белорусија, но беше потврдено дека ситуацијата во таа земја внимателно се следи, по изборите на кои победи Лукашенко.

Армијата на Белорусија планира да одржи воени вежби во близина на нуклеарната централа и во регионот Гродно, која граничи со Полска и Литванија, од денеска до 20 август.