Маркетите од денеска треба да издаваат фискални сметки без ДДВ за леб, брашно тип-400, млеко, бел шеќер, сончогледово масло, месо, бел ориз и јајца. На овие производи треба да има ознака Г, како добра кои се ослободени од данокот на додадена вредност. Оваа антикризна мерка ќе трае до 31 мај. За граѓаните ова е само шминка, велат дека треба да се згомеат платите и стандардот на луѓето.











