Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мехмедовиќ: Олабавувањето на мерките е поради смирената епидемиолошка ситуација со ковид во земјата

/

пред 1662 дена

Сподели преку :

Комисијата за заразни болести предлага учениците да не носат маски во училиште, а во отворените делови на рестораните и кафулињата веќе да не биде задолжителна потврдата за вакцинација.

Иако ќе бидат без маски во училиште, изолацијата кога има заразен ученик останува иста – дома седат оние кои биле во непосреден контакт со заболениот.

Сепак, на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат. Олабавувањето на мерките е поради смирената епидемиолошка ситуација со ковид во земјата, вели д-р Злате Мехмедовиќ.