Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стечајот на Еуростандард ќе го води Душко Тодевски, прво рочиште за долговите на 8-ми октомври

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Во петок е отворена стечајната постапка за Еуростандард банка, соопшти денеска надлежниот Основен граѓански суд во Скопје.
За стечаен управник е назначен Душко Тодевски од Скопје. Првото рочиште за доверителите и долговите ќе биде одржано на 8-ми октомври.
Во соопштението судот наведува:
-Ве известуваме дека со Решение СТ – 123/20 од 14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.

По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат.