Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАШИТЕ МАЈКИ, НАШИТЕ ТАТКОВЦИ

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Војната го вади најлошото од нас!

Во Берлин летото 1941 година, пет пријатели се простуваат меѓу себе и секој оди по својот пат со желба да се сретнат повторно за Божик. На источниот фронт одат двајцата браќа, Вилхем кој е убеден во победата, а Фридхелм е уметникот.

Шарлот, горда дека ќе ѝ служи на татковината, доаѓа со нив како медицинска сестра во воената болница, Грета која ја планира својата кариера како поп ѕвезда и нејзиниот пријател Виктор, Евреин чија судбина станува извесна или депортација или приклучување во партизанскиот отпор.

Младите  луѓе, се чувствуваат живо, енергично и бесмртно, но војната ќе ги принуди да не се видат на Божик 1941 година, туку дури во мај 1945… и нема сите да бидат таму.

Приказна за петте пријатели и многу повеќе луѓе кои ја изгубиле младоста во Втората светска војна. Приказна и портрет на неколку генерации, за нашите мајки и татковци, кои исто така биле жртви на тоа време. Војната на генерациите е серија која во Германија предизвика многу контроверзи и јавни дебати, и веднаш привлече најмалку 7 милиони гледачи.

Нашите мајки, нашите татковци во режија на Филип Хаделбах по сценариото на Стефан Колдиц.

Воена приказна за бесот, бруталноста, загубата и секако војната како најголемата глупост било кога и каде било.