Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Два рекорди на шампионатите во Белград

/

пред 1672 дена

Сподели преку :

На вториот ден од Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград поставени се два нови рекорди на шампионатите.

Во фрлање ѓуле, сензационален победник е Бразилецот, Дарлан Романи со резултат од 22 метри и 53 сантиметри и успеа да го совлада светскиот рекордер Рајан Краузер кој имаше за само девет сантиметри послабо постигнување.

На 1500 метри во женска конкуренција доминација на атлетичарките од Етиопија. Триумф на Гудар Цегаи со време од 3 минути 57 секунди и 19 стотинки што исто така е нов рекорд на првенствата. Второто и третото место им припадна на Аксумавит Ембаје и Хирут Мешеша.

ФОТО: Игор Паневски