Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Светски рекорди, најдобри постигнувања на шампионатите, Белград светска атлетска престолнина

/

пред 1660 дена

Сподели преку :

Белград во изминативе три дена беше домаќин на светската атлетска елита. Во српската престолнина од 18 до 20 март се одржа Светското првенство во сала на кое настапија голем број на врвни имиња од Кралицата на спортовите.

На последниот ден беа поставени три светски рекорди. Серијата ја отвори Јулимар Рохас во трискок забележувајќи го најдобриот резултат на сите времиња на отворено и затворено.

Американецот Грент Холовеј во полуфиналето на 60 метри со пречки го израмни сопствениот светски рекорд, а на крајот од Мундијалот, Арман Дуплантис во скок со стап прескокна 6 метри и 20 сантиметри и за еден сантиметар го подобри сопствениот рекорд.

ФОТО: Игор Паневски