Годинешен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата е јапонскиот поет, Шунтаро Таникава. А добитник на наградата Мостови на Струга е италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Таникава е автор на 80 поетски збирки и добитник на бројни книжевни награди. Тој верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во историската опседнатост со минатото.











