Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

во Калифорнија измерена рекордна температура од 54,4 Целзиусови степени

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Во националниот парк Долина на смртта во Калифорнија измерена е температура која може да се смета за највисока некогаш измерена на планетата – 54,4 Целзиусови степени.

Овој потензијален рекорд во моментов го проверува американскиот Национален метеоролошки сервис.

Би-Би-Си пишува дека Америка ја зафатил топлотен талас кој пред се го погодил Западниот брег, а високите температури ќе продолжат и во текот на оваа недела.

Температура од 54,4 Целзиусови степени се измерени во неделата во Фарнес Крис во Долината на смртта. Пред ова рекордна температура беше измерена во 2013 и изнесуваше 54 степени.

Иако се случува на некои места на планетата да биде измерена и повисока температура, многу експерти сметаат дека се случила грешка. Историчарот Кирстофер Барт тврди дека температура од 55 степени измерена во Тунис 1931, како и други температури во Африка тие години, не се кредибилни.

Би-Би-Си пишува дека во моментов топлотниот бран во САД се движи од Аризона на југозапад до државата Вашингтон на северозапад. Се очува денеска и утре да се достигне врвот, пред да започне температурата да опаѓа при крајот на неделата. Сепак, жештината ќе трае следните десет дена.