Радоста од победата над Италија се пресели и во соблекувалната. Македонските репрезентативци го прославија триумфот кој ги носи на еден чекор до Мундијалот.
ФФМ го објави видеото под наслов Кој не полуди не е нормален.
Македонија ја победи Италија во првото коло од баражот откако ги анулираше сите напади на азурите и во 92 -рата минута, Трајковски ги шокираше противниците на нивен терен.
Следен противник на Македонија е Португалија предводена од Кристијано Роналдо.











