Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Верати: Ова е кошмар за Италија, не можам да објаснам

/

пред 1660 дена

Сподели преку :

Италијанците се во шок по поразот од Македонија од 0-1 во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Една од најголемите ѕвезди на тимот, Марко Верати е тотално разочаран од случувањата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

„Ова е кошмар. Ние имаме играчи со кои требаше да бидеме конкурентни на Светското првенство. Навистина е тешко да се разбере. Доминиравме цел натпревар и требаше да победиме. Моравме да победиме. Требаше рано да го отвориме натпреварот. Тоа е фудбалот морате да бидете безмилосни. Тешко е да се објасни. Вистински кошмар. Навистина катастрофа. Тешко е да се биде од херој до нула“, вели ѕвездата на ПСЖ.