Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

В четврток ќе биде донесена одлука за работата на градинките, најави Филипче

/

пред 2237 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести. Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство.