Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кобајаши со Кристалниот глобус во ски скокови

/

пред 1653 дена

Сподели преку :

Риоју Кобајаши по втор пат во кариерата е светски шампион во ски скокови по денешното последно натпреварување на Планица во Словенија.

Јапонецот денеска го освои само осмото место со скокови од 235,5 и 230 метри, што му беше доволно да го освои големиот Кристален глобус во Светскиот куп. Тој во генералниот пласман сега има 1.621 бодови или 106 повеќе од својот најголем ривал Карл Гајгер од Германија, кој денеска беше 16-ти.

На „Планица“ денеска славеше Мариус Линдвик од Норвешка и ја заврши сезоната на третото место во генералниот пласман. На победничкиот подиум имаше место и за Јукија Сато и домашниот фаворит Петер Превц.