Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охриѓанец обвинува дека идниот пратеник Нефи Усеини го претепал пред хотел

/

пред 2237 дена

Сподели преку :

Охриѓанец обвинува дека советникот во Општина Охрид и иден пратеник, Нефи Усеини заедно со уште неколку лица, утрово го нападнал и претепал пред хотел во близина на градот.

Според нападнатиот, Спирко Топаловски, Усени го повикал да дојде на средба а потоа извадил пиштол пред очите на неговиот малолетен син. Тогаш и бил нападнат од братот на Усеини и уште две лица кои биле во негова придружба. По нападот тој побарал лекарска помош.

Усеини во кус телефонски разговор ги демантираше тврдењата на Топаловски велејќи дека се невистина.

Од охридската полиција потврдија дека инцидентот е пријавен и дека полициска екипа врши увид и ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери во хотелот