Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

2.097.319 попишани граѓани во Пописот во 2021 година

/

пред 1667 дена

Сподели преку :

За 25 дена во септември минатата година, попишани се 2.097.319 лица кои живеат во земјава и надвор од неа. Од нив, 54,21 одсто се изјасниле како Македонци, 29,52 одсто како Албанци, речиси 4 одсто како Турци, 2,34 како Роми, 1,18 како Срби, 0,87 како Бошњаци и 0,44 како Власи. Но, според Еуростат и според препораките на Обединетите нации, како што посочи директорот на Статистика Апостол Симовски, главна категорија на секој попис е резидентното население, чиј број е 1.836.713.

258.932 граѓани се попишале во дијаспората, од нив 66,4 отсто се Албанци а 24,5 отсто се Македонци

Како Бугари се изјасниле 3.504 лица, или, 0,19 одсто од резидентите. Во споредба со последниот попис од 2002, вкупното население е намалено за 185.800, бројот на домаќинствата е  зголемен за 6,1 отсто, а бројот на становите за 20,2 отсто. Просечната возраст е 40 години, а на илјада жени доаѓаат 984,3 мажи. 132.000 се попишани според административни извори бидејќи не се најдени дома или не отвориле врата од различни причини.

Југословените „воскреснаа“ на пописот три децении по распадот на СФРЈ, ги има 5-пати повеќе од изјаснетите Евреи

Пописот покажа дека според религиската припадност, 46 отсто се православни, 32 отсто муслимани, а 13 отсто се изјасниле како христијани. На 61 отсто мајчин јазик им е македонскиот, на 24 отсто албанскиот, на 3,5 отсто турскиот.

Податоците поврзани со главниот град покажуваат дека во Скопје живеат 526.500 жители, што е за 3,9 отсто повеќе отколку пред 20 години. Но бројот на становите е зголемен за повеќе од 30 отсто.

Овој попис беше реализиран по пауза од 20 години со комбинирана метода на теренско попишување и користење на 12 бази на податоци. Раководството на Статистика ја оцени реализацијата како успешна и професионална, а објавувањето на резултатите по шест месеци како најбрзо, што се потврдува со податокот дека за обработка на претходниот попис биле потребни година и половина.

Соња Николовска