Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски Интел ја напушти Русија

/

пред 1656 дена

Сподели преку :

Американскиот производител на микропроцесори Интел објави дека ги затвора своите операции во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзината инвазија на Украина.

Компанијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за минимизирање на нарушувањето на нејзиниот глобален бизнис.

„Интел и се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикувањето на брзо враќање на мирот“, соопшти компанијата.

И ИБМ ги прекина испораките кога Украина ги повика американските производители на софтвер да го прекинат бизнисот со Русија. Компаниите и владините агенции во Русија се потпираа на технологијата развиена на Запад, која беше основата на нивните ИТ системи.