Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема ништо ново да понуди

/

пред 2235 дена

Сподели преку :

Заев нема ништо ново да понуди, имаме влада со транзициски кадри, кои ќе продолжат со криминал и корупција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Вечерва само покажа дека наредниов период СДСМ ќе продолжи по истиот пат, по патот на криминалот, корупцијата и рекетот со истите транзициски кадри.

Од опозицијата велат дека луѓето кои ја презадолжија државата и овозможија милионски профит за фирмите на Заеви, луѓето кои оставија илјадници на улица, пропаднаа банки и спроведоа масовен грабеж не можат да бидат иднината на Македонија.

  • Заев само ќе го појача криминалот. Спасовски кој е најнеуспешен министер во МВР повторно ќе раководи со ова министерство, исто и Шекеринска и Филипче тоа се луѓето кои не можат да ја водат државата напред, само назад. Бочварски кој делеше тендери на татко му додека беше градоначалник сега ќе има можност тоа да го прави преку министерството за транспорт. Шахпаска ќе си ги довработи роднините, Маричиќ ќе го разграни кланот во судството, велат од ВМРО – ДПМНЕ.