Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протестираа 13.000 вработени во државната администрација, не работеа од 10 до 12 часот

/

пред 1655 дена

Сподели преку :

Од 10 до 12-часот- 13.000 вработени во  државната администрација во земјава не работеа, туку протестираа пред институциите.

Револтирани се од игнорантскиот однос на владата.

Бараат ниту една плата да не биде под минималната од 18.000 денари како и усогласување на останаттите плати.

Или од хигиеничарка до директори, министри, судии, претседател на држава –сите да добијат по 2.806 денари. Обвинија и за притисоци.

Револтирани се дека додека минималната и просечната плата во земјава растеле- тие  во изминатите десет години, не добиле речиси ништо.

Владата пак контра синдикалците.

За премиерот Ковачевски,не било добро прво да се најави протест, па потоа  да се преговара под притисок.

Вели платите треба да се зголемат, но не  наеднаш оти може да предизвика инфлација.

Граѓаните пак кои дојдоа да завршат некоја работа во институциите- наидоа на затворени врати. Велат платите треба да растат- но не се задоволни од работата на администрацијата.

Протестот на вработените во државната администрација продолжува и утре. Институциите нема да работата исто од 10 до 12 часот.

Од синдикатот на УПОЗ велат – ако владата продолжи да ги игнорира –  ќе го прашаат членството во каква форма ќе го изразат револтот понатаму. Испратија и порака – дека  ниту еден вработен не смее да биде казнет за тоа што протестирал.

Александра Филиповска