Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преодна дестабилизација – Временска прогноза за 10.4.2022

/

пред 1639 дена

Сподели преку :

Македонија ќе потпадне под влијание на влажна и студена воздушна маса, која ни носи облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. На планините околу 1200 метри надморска височина во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Дневната температура ќе биде осетно пониска и ќе се движи во интервал од 5 до 15°C.

Агропрогноза:

Умерените температури и врнежите од дожд, во изминатата седмица придонесоа за кратко време да се разбуди вегетацијата особено кај овошките од коскестите видови, потоа дел од шумските видови и тревната вегетација.

За време на овој викенд особено во сабота, се очекуваат температури и над 25°C, кои со промената на времето во недела се очекува да опаднат за 6 до 8°C и да не го надминат дваесеттиот степен.

Разведрувањето од понеделник и стабилното и суво време во текот на целата седмица, со пад на утринските температури, кои во понеделник во Берово можно е да бидат и негативни, нема да причинат штети од измрзнување и ваквите температури се во границите на издржливост.

Позитивните утрински температури, и температурите во текот на денот од околу 18 до 20°C ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите од болести и штетници, особено во овој период потребна е заштитата од плевели, потоа работи во тутунопризводството за нега на леите за производство на расад, вообичаени работи во градинарството во овој период од годината, како и работи за припрема на површините за пролетна сеидба.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

2 Берово, 4 Струмица, Попова Шапка, 5 Битола, Крива Паланка, 6 Претор, Демир Капија, Гевгелија, 7 Скопје Петровец, Штип, Прилеп, Маврови Анови, Kрушево, 8 Охрид, Дојран, 9 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Виница, Тетово.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/