Во рудникот “Суводол” во РЕК Битола, ноќеска при работа со градежна машина загина 60-годишен работник. Од менаџерскиот тим велат дека машината била технички исправна и сервисирана во март годинава. Во моментот на несреќата работникот бил сам, нема очевидци, поради што нема многу информации како дошло до трагедијата.











