Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово поставена до котлара

/

пред 1639 дена

Сподели преку :

Во Тетово станицата за следење на квалитетот на воздухот се наоѓа веднаш до котлара која служи за затоплување на Основното училиште “Кирил и Методиј” и во ист двор каде се изведуваат градежни работи.

Објектот на котларата се наоѓаше на местото каде сега се гради детската градинка, поради што беше дислоциран.

Но близината со станицата го отвора прашањето дали истата ја покажува реална слика на аерозагадувањето.

Според доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје, во вакви околности податоците отстапуваат, поради што мерната станица треба да биде преместена.

Станицата во 2013 година беше преместена од првобитната локација во дворот на гимназијата, поради изградба на многу повисок објект во нејзина близина, т.е. спортска сала.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека сега немаат во план да ја дислоцираат.

„Сегашната локација на станицата во Тетово е се уште релевантна и покрај изградбата на котларата во непосредна близина, којa нема висина со која би го попречувал земањето на примероци од воздухот и одредувањето на квалитетот. Објектот е поставена пред извесно време, без никаква најава од страна на тој што ја изградил. И покрај близината на овој извор на загадување, мониторинг станицата обезбедува релевантни податоци, како од загадувањето кое доаѓа од сообраќајот, така и од загадувањето кое доаѓа од загревањето како на јавни објекти така и од приватни домови“ – велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според последното истражување за квалитетот на воздухот во Западен Балкан, на мрежата на невладини организации Bankwatch, во однос на загадување со ПМ 10 Тетово е на трето место во земјава, додека на прво место во однос на загадување со многу поштетните ПМ 2,5 честички.

Данијела Билбилоска