Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 10.000 мртви цивили во Мариупол, трупови расфрлани по улиците

/

пред 1637 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на опколениот и разурнат Мариупол изјави за Асошиетед прес дека најмалку 10.000 цивили загинале во тој град на југот на Украина од почетокот на инвазијата.

„Труповите се расфрлани по улиците“, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за Асошиетед прес. Според Би-Би-Си, Бојченко разговарал со Асошиетед прес од непозната локација во Украина, но не и од градот.

Тој додаде дека во градот се уште има околу 120.000 цивили. Итно им треба вода, храна и лекови, додаде тој. Бојченко вели дека добил пријава и дека руските сили собираат тела и ги чуваат во замрзнувачи во голем трговски центар.

„Пристигнаа мобилни крематориуми на камиони, во нив паднаа тела“, рече тој.

Неговите тврдења не се независно потврдени.