Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Методија Димовски на местото на Мухамед Зеќири

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Методија Димовски е назначен за генерален секретар на Владата. Оваа одлука е донесена на денешната седница на Владата, откако ген-секот Мухамед Зеќири поднесе оставка бидејќи Јавното обвинителство поведе истражна постапка против него заради злоупотреба на службената положба. Димовски беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето.

Покрај него, во конкуренција за нов владин генсек биле и Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет.