Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потврден притворот за Мухамед Зеќири

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Одбиена е жалбата за притворот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Кривичниот совет на судот по одржата седница го потврди притворот  од 30 дена и тој останува во затворот Шутка.

Зеќири претходно поднесе оставка на функцијата генерален секретар во Владата откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која е осомничен Зеќири, за злоупотреби на јавна набавка за консултантски услуги, склучена во 4 очи наместо преку тендер.

Заедно со него се осомничени и двајца  хрватски државјани.