Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина: Повеќе од 720 луѓе загинаа во Буча и други окупирани места

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Повеќе од 720 луѓе се убиени во Буча и другите окупирани предградија на Киев за време на руската окупација, а повеќе од 200 лица се сметаат за исчезнати, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, рече дека досега пронашле 403 тела, но бројот може дополнително да се зголеми.

Канцеларијата на главниот украински обвинител објави дека ги истражува настаните во областа Бровари на североисток. Таму, во селото Шевченкове, во подрум беа пронајдени телата на шест цивили со прострелни рани. За масакрот се осомничени руски војници.

Русија негира дека нејзините сили убиле цивили.