Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ под лупа ги следи случаите со висока корупција?!

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

Случаите на висока корупција, во кои се вмешани владини функционери како што е последниот со владиниот генерален секретар, Мухамед Зекири,мора да добијат разрешница, меѓу другото и затоа што се будно следени од Европската унија. На ова укажа извршната директорка на ЕПИ, која потенцира дека, функционирањето на правниот систем во вакви случаи е еден од клучните услови кои се бараат од земјите-кандидати.

ЕУ дава извештаи за владеењето на правото и во земјите членки, каде исто така се детектираат слабости, но пристапот е поразличен. Иван Новосел, од Куќа за човекови права во Загреб, вели дека постои основна разлика во тоа, како ЕУ го третира владеењето на правото во земјите членки и кандидатите за членство.

На примерот на Хрватска, вели тој, може да се заклучи дека овој процес е секогаш половичен и земјите членки никогаш не одат до крај со реформите. Последицата е полу-завршени институции, полу-завршена приказна за владеење на правото, донесени закони без имплементација и запуштено општество.

Марко Кмезиќ од Универзитетот во Грац, пак, укажува дека не е доволно само разрешувањето на поединечни случаи.

Еден од заклучоците од денешната дискусија е дека, има неопходна потреба за подлабока анализа на моменталниот развој и клучните предизвици со владеењето на правото и во земјите членки и во кандидатите за членство во ЕУ.

Далиборка Демјанска