Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина: Наш проектил погоди руски брод. Руски медиуми: Експлодирала муниција

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

На рускиот воен брод Москва избувнал пожар, а потоа дошло до експлозија на резерви на муниција, јавуваат руските медиуми. Тие наведуваат и дека сите морнари биле претходно евакуирани.

Претходно гувернерот на Одеса изјави дека водечкиот брод на руската Црноморска флота бил погоден од украински ракети. Украинските власти, исто така, велат дека Русија се обидува да спаси 510 членови на екипажот во бродот.

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович го потврди нападот на бродот, но не го откри својот став.

„Брзо гори. Сега. Со вакво немирно море, не се знае кога ќе може да им стигне помошта“, рече тој, истакнувајќи дека на бродот имало 510 членови на екипажот.

Воениот брод Москва стана познат на самиот почеток на војната кога украинските бранители на Змискиот остров ги одбија повиците да се предадат. Тие потоа беа заробени и подоцна разменети за руски затвореници.