Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јетон Шакири: Учениците да се вратат на настава, а паралелно преговорите со СОНК да продолжат

/

пред 1634 дена

Сподели преку :

Ден по преговорите со СОНК, кои завршија без успех поради тоа што не им беше понуден конкретен предлог за зголемување на платите, министерот за образование Јетон Шаќири, апелира до синдикатот да го прекине штрајкот кој влезе во четвртиот ден, да продолжи наставата, а паралелено со неа да течат преговорите за повисоки плати на наставниците и воспитувачите. Министерот кажа дека тоа на писмено денеска ќе му го достави на СОНК.

Според министерот приоритет е враќањето на учениците во училишните клупи.

Шаќири рече дека нема законски можности кои ќе го оправдаат кратењето на наставата за надокнадување на изгубените часови зашто тоа важи само во услови на војна, пандемија или други природни катастрофи.

Преговорите за повисоки плати меѓу Владата и СОНК продолжуваат, а министерот очекува синдикатот да одговори на доставенниот допис од негова страна.

Сотир Трајков