Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Црната листа“ на САД ќе биде проширена, одредени политички чинители имаат блиски релации со Москва- аналитичарите во „Вин Вин“

/

пред 1633 дена

Сподели преку :

Црната листа на Стејт Департментот на која се најдоа поранешниот премиер, сега бегалец во Унгарија, Никола Груевски заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков поранешен прв човек на УБК, ќе биде проширена, смета Јован Андоновски, заменик Народен правобранител. Според него, оваа листа нема да остане тука, ќе се прошири, „Форин полиси магазин“ наведе дека одредени политички субјекти и чинители имаат блиски релации со Москва, рече Андоновски во вечерашната емисија Вин Вин.

Новинарот и аналитичар Сашо Ордановски рече дека податоците во Црната листа треба да бидат основа за државата да продолжи да ги истражува фактите за тоа дека Груевски има фирма во предградието на Будимпешта, која се занимава со широка деловна активност.

„Јас знам дека на таа адреса има продавница, па да провери државата чија е таа продавница“, прашува Ордановски и вели „не гледам желба дека некој сака со тоа да се занимава, како сите да се согласија да го заборават Груевски“.