Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЕСЕЧИНАТА НА ЈУПИТЕР – сабота, 01 октомври 2022 – 22:15

/

пред 1470 дена

Сподели преку :

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ: СОЛИДАРНОСТ СО БЕГАЛЦИТЕ

МЕСЕЧИНАТА НА ЈУПИТЕР

Возбудлив натприроден трилер номиниран за Златна палма.

Млад бегалец наречен Аријан е застрелан додека илегално се обидува да ја премине унгарската граница за да избега од својот дом разурнат од војна. Додека заздравува, лекар во бегалскиот камп открива дека Аријан стекнал извонреден талент – тој може да лебди по желба. Но, докторот има своја неволја од која треба да побегне и му нуди да го прошверцува Аријан надвор од логорот ако, за возврат, му помогне да заработи пари користејќи ја својата нова чудесена моќ.

Со Месечината на Јупитер, Мундруцо се означува себеси како еден од највизионерските режисери на неговата генерација со допир на вечно митските теми.

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.